24 Ексклузивно

Ексклузивно: Жика го напушти “Браво Бенд”

Музичкиот портал Музика24 ексклузивно дознава дека еден од членовите на далеку познатиот бенд “Браво Бенд”, Жика – неодамна го напушти бендот. Тој заедно со неговата поубава половина се врати во својот роден град, Струмица и речиси секојдневно има настапи со сајзеристот Игор Ангелов со кој заедно го оформија новиот бенд “Фама Бенд”.

Кафе Барот “Селект” е местото каде што можете често да ги сретнете во Струмица, а освен настапи низ Македонија, тие неодамна беа на густовање и во Холандија каде според разговорите со нив одлично биле прифатени. Која е причината Жика кој е речиси од почетокот на формирањето на “Браво Бенд” да го напушти истиот и зошто токму сега… ќе дознаете наскоро и ексклузивно само на Музика24.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: