Музика на кирилица

Победникот на “X Factor Adria” – Даниел Кајмакоски пристигна во Скопје

Со директен пренос на Сител телевизија, обожавателки и фанови кои беа да го пречекат победникот на “X Factor Adria” Даниел Кајмакоски на скопскиот аеродром, започна и официјалниот пречек на нашиот македонски победник во ова регионално шоу. Тој на самиот влез изјави дека му е мило што конечно е тука во Македонија, каде ќе остане една недела. Прославата за победата во големото балканско шоу, напрво ќе ја прослави во кругот на своите пријатели, роднини, сограѓани и семејството денес во неговото родно место струшкото село Мислешево, а веднаш потоа прославата ќе ја прослави и со своите другари од Скопје и Струга. А потоа започнува со подготовките на неговиот прв албум.

Неговиот татко пак изјави дека е горд што токму тој е родител на Даниел и дека чувството не може да се опише со зборови, едноставно, тоа може само да се доживее. Иако во неколку наврати самиот Даниел велеше дека конечно не ги изневерил родителите, неговиот татко спомена дека досега не станувало збор за некои огромни животни грешки. Тој се заблагодари на целата македонска јавност што токму својата поддршка му ја дадоа токму нему. Даниел, видно возбуден од самата адмосфера, од толпата на собрани фанови… тој за момент заплака слушајќи го своето име. Не одржа ниту говор ниту пак нешто посебно, едноставно се заблагодари на сите, буквално стие што беа со него до самото прогласување на победата, а и сега. Заедно со фановите тој отпеа еден стих од неговата омилена песна, со која и всушност настапи на регионалното шоу.

Попладнево во 17.30 е закажан голем свечен пречек на Даниел во Мислешево, Струга. Даниел Кајмакоски се натпреваруваше речиси 6 месеци, помеѓу голема конкуренција, тој сепак на крај беше прогласен за победник во првата сезона на регионалното “X Factor” шоу.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Фото: Телеграф

Можеби ќе ве интересира: