Балканленд

Харис Чато повреден во сообраќајна несреќа?!

Младиот учесник и финалист во “X Factor Adria” Харис Чато, деновиве имал сообраќајна несреќа, во која што е повреден, но сепак, повредата за среќа е минимална.

“Тоа се случи на мојата улица во Сараево. За моја среќа, улицата не е фреквентна, а и човекот возеше бавно. Јас не видов дека автомобилот ми се приближува, бидејќи слушав музика на слушалки врзани за мојот телефон. Паднав, ја повредив раката и имам модринки на нозете”, изјави Чато за српски Блиц. Откако се случила несреќата, Чато веднаш се упатил на лекарски преглед каде го посоветувале да се одмора и на повредените места да става облоги.

Харис Чато е еден од неколкуте финалисти кој се натпреваруваше за големото супер финале, но за жал во истото не влезе, поради што неговата менторка Емина Јаховиќ беше премногу разочарана и тажна.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: