Дарко Рундек кои важеше за лидер на култната некогашна загребска група “Хаустор”, со својот бенд “Карго трио” ќе одржи свои концерти во Скопје и Прилеп. Скопскиот концерт оваа хрватска легенда ќе го одржи во Универзалната сала на 9-ти мај, додека концертот во градот под Марковите кули – Прилеп е закажан ден потоа, на 10-ти мај, но точната локација сеуште точно не е прецизирана.
Последното нешто што можеше да се слушне од Рундек е песната “Миднајт калипсо”, кој што тој заедно со својот бенд ја извади во октомври минатата година. Како што велат организаторите на овие концерти, претежно тој и својот бенд ќе изведат песни од нивниот последен албум “Плави авион”.
Подготви: Влад Петров
