Премиера

24 Промо: Андреј Миске – “Празно место” (Видео)

Сакајќи да ги промовира убавините на Малешевијата, Берово и околина, а воедно да понуди интересна љубовна речиси секојдневна приказна, познатиот рапер и македонски стилист Андреј Миске неодамна го промовираше видео спотот за песната “Празно место”, кој воедно е склоп на сите неколку нешта во едно.

Приказната во видео спотот се однесува на двајца другари кои на крајот поради девојка се караат, а девојката останува сама. Ова е речиси честа појава кај нас во Македонија и воедно добар пример како не треба да се однесуваат девојките, односно многу добрите пријатели и другари кога ќе се појави нешто ново во нивниот живот, но сепак тоа трае кратко.

Во спотот кој ќе го погледнете во продолжение, свои улоги имаа Бранислав Радински, Новица Печински и Тамара Сачкарска. Снимател на спотот е Зоран Двојаковски, а истиот е во продукција на Алек Миске продукција.

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: