Фронтменот на познатата балканска рок група “Рибја Чорба” го заврши својот четиригодишен брак со речиси три децении помладата сопруга Александра, но тој поради тоа не се кае и за многу брзо време и најде замена. Нивниот брак конечно и официјално е завршен во вторникот. Како што пишуваат српските медиуми, тие одвоено живеат веќе неколку месеци, но Бора Ѓорѓевиќ (Бора Чорба) успешно тоа го криеше од очите на јавноста. Сакајќи да ја заштити својата сопруга од жолтите страници и разно разните медиуми тој тоа го прикривал се до овој момент кога веќе се е готово, тој реши да проговори.
“Се разведов пред неколку дена, сега можам тоа и јавно да го кажам”, изјавил Бора, притоа напоменувајќи дека сепак не е сам. Познатиот балкански рокер открил дека има нова девојка која што живее во Словенија.
“Навистина никогаш досега не сум се чувствувал поубаво, нон-стоп сум на релација Србија – Словенија, постои жена во Словенија која ми го украде срцето. Кога не сме заедно, не се симнувам од телефонот. Заљубен сум, немам што да кријам, нека знае цел свет!”, искрено изјавил Бора кој воедно премиерно изрецитирал четири нови песни кои ќе се најдат на новиот албум.
Инаку, Бора и Александра се запознаваат во 2007-та година на турнеја во Америка, каде таа тогаш живеела, а тој бил на турнеја. Веднаш по запознавањето таа го освојува неговото срце, но нивната љубов станува турбулентна. Тие неколку пати раскинуваа. Во текот на едно од оние раскинувања, Бора Чорба започнува врска со друга девојка со која останал два месеци, а веднаш кога Александра се вратила, тој ја остава неа и се враќа на српската американка со која што се венча во 2009-та.
Претходно, рокерот зад себе има 30 годишен брак со Драгана, која починала во март 2007-та, само неколку месеци откако тие се разведоа. Покрај неа се пронајдени антидепресиви кои таа ги пиела, велат нејзините блиски пријатели, бидејќи таа неможала да се помири со податокот дека Бора не е покрај неа. Тој од овој прв брак го има синот Норис, и нејзината ќерка Тамара на кој и го дал своето презиме.
Подготви: Влад Петров
