Балканленд

Сандра Африка со нов провокативен спот (Видео)

Балкански популарната Сандра Африка, по долго најавуваниот нов сингл и видео спот, конечно на сцената се појавува со нешто ново. Таа заедно со Кости, продуцентот кој досега има соработувано со многу музички имиња од балканот, ја промовира новата песна “Бај, бај”, за кој што снимија и видео спот.

Српските медиуми на големо пишуваат за ова видео издание и за тоа колку и на кој начин Сандра е провокативна, а неа мува не ја лази. Таа во новиот видео спот се појавува танцувајќи на високи потпетици, а секако, никако неможе, а да не ги споменеме и провокативните разголени сцени, каде таа во преден план го покажува задникот. Знајќи дека и претходната песна “Девојка твог друга” ја работеше со Кости и истовремено стана голем хит, Сандра вели дека искрено се надева дека и оваа нејзина нова песна ќе биде исто така голем хит.

Во продолжение, погледнете го видеото кое рака на срце беше најкоментирано деновиве на социјалните мрежи ширум балканот.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: