Музика на кирилица

Младиот рапер Никлеман се враќа на музичката сцена (Видео)

После хитот за социјалната мрежа “Фејсбук” следуваше еден релативно тивок период во неговата кариера, за сега повторно да пројави интерес кај пошироката публика со нова актуелна тема насловена како “Мојата чудесна земја”. Во песната се говори за нашата мила и чудесна земја – Македонија и за нашиот и вашиот град – Скопје, што тие му значат на Никлеман во неговиот живот, како тој гледа на настаните и случувањата во нашата држава во актуелниов период.

“Викаат дека најголемиот успех што можеш да го направиш во Македонија е да си одиш од неа… Не се согласувам со тоа, Македонија ми даде живот, Скопје ме израсна и за тоа ќе ги сакам до крај… Има и тука убавини, има и тука пари, има и нечесни и прљави работи, но тие треба да ги избегнеш и само треба да се потрудиш да научиш како да ја сакаш Македонија!”, вели Никлеман.

Преку неговите строфи и заразниот рефрен кој го исполнија: Девана Ѓорѓиевска и Димитар Синдилиев, ќе ја видите Македонија и Скопје на еден поинаков начин, од неговата гледна точка, а секогаш е добро кога ќе се чуе некое друго мислење!

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: