Битолската раперска група Б-Клан и за време кога сите се спремаат за Новата година не одмара. Тие снимија нов сингл заедно со Менде Ѓорѓиевски. Песната носи наслов “Среќна Нова Година” и како што велат од Б-Клан песната е во р’н’б стил. Со оваа песна тие им ја честитаат Новата година на сите верни фанови. Како и сите песни досега и оваа новогодишна песна снимена во студиото на Мими Марковски “Гимел Студио”.
Песната е дело на младите рапери Дарко и Дејан (Б-Клан), а исто така свој допринос има и Мими, кој заедно со Менде ги пее и придружните вокали. На Музика24 имате прилика да ја преслушате оваа песна и да откриете поточно за што станува збор.
Подготви: Александра Блажевска
