Претставничката на Македонија на овогодинашниот Евросонг Тијана Дапчевиќ одлучила без сопругот Милан да отпатува на овој натпревар, кој во мај ќе се одржи во Копенхаген, Данска.
“Милан ми е апсолутно најголема поддршка и сојузник во се, но тој, за жал, ќе остане дома со нашиот син Вук и оттаму ќе навива за мене. Вук е сепак мал за патување, така што тие неколку дена ќе се дружи само со татко му”, вели Тијана. Таа очекува поддршка од сите земји од бивша Југославија, но не е оптоваррена со пласманот.
“Пишуваа дека одам на победа, но не е тоа баш така. Пласманот ми е битен, но далеку од тоа дека е од пресудно значење. Најважно ми е да се претставам себеси и својата земја на најдобар начин и ќе направам сетоа така и да биде”, порачува пејачката. Тијана, сепак, покрај себе ќе има еден член од семејството, бидејќи со неа патува сестра и Тамара Тодевска која ќе ги пее придружните вокали.
Подготви: Редакција Музика24
