Викендов во локалот 54 во Скопје младиот и талентиран рап артист Горан Шинтер пред македонската јавност, пријателите и соработниците го промовираше својот прв видео спот, а воедно со самата промоција стана дел од македонската музичка сцена. Мошне необичаено за овој спот е и самиот наслов “Социјала”, кој што раскажува за општествениот живот кој младината го живее, а Горан во неговото извонредно музичко парче го опиша накусо како изгледа сето тоа.
Видео спотот кој што е подготвен во опуштена адмосфера, е под режисерска палка на Бојан Бобо Стефановски, каде за самиот аранжман, микс се погрижи токму тој раперот Горјан Скипи, додека за самиот т.н. “beat” Бобан Каевски.
“Задоволен сум од финалниот резултат, може публиката да види и во приложеното, но мислам дека ова е мала увертира на она што јас како мисија сакам да го исполнам”, изјави Горан. Во продолжение, ексклузивно погледнете го видео спотот во продукција на La Familia Records.
https://www.youtube.com/watch?v=fe5VmH54Sro
Подготви: Редакција Музика24
