Балканленд

Амадеус Бенд со рекорден број на хуманитарна помош

После новогодишното изненадување со новогодишните пакетчиња и претставата кој членовите од бендот Амадеус ги подари за најзагрозените во Србија, сепак сето тоа се чинеше премалку, па се фокусираа цела година да помогнат колку што можат. Вредноста на одржаните бесплатни концерти кој се преку 30 во целиот балкански регион меѓу кој и концертот во Куманово за Никола Вулетиќ самата цена изнесува преку 35.000 евра што за некој би било огромна сума, но за Амадеус бенд е голем допринос да направиш некој среќен.

“Сепак ова е почеток на нашето патешествие и нема да запреме, бидејќи ова го сфатиме како мисија и должност”, изјави Александар Станимировиќ менаџерот и клавијатуристот на бендот кој посочи дека ова е пример како јавните личности не само од естрадата туку и од власта треба да сфатат дека поубаво е да помогнеш некому и да го направиш среќен со нешто што ќе го памети цел живот.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: