Кралицата на ромската музика Есма Реџепова наскоро ќе ја удостои македонската публика со концерт, а повод за тоа е нејзиниот јубилеј, односно 55 години од опстојувањето на музичката фолк естрада.
“Многу сум пресреќна што конечно можам да се дружам со мојата верна публика, а сите што ќе бидат дел од настанот ветувам дека добро ќе си поминат и ќе се потсетат на убавите композиции кој се добро познати како кај нас така и низ целиот свет”, изјави Есма. Гости на самиот концерт сеуште не се откриваат, но како и да е на 22-ри мај во Универзална сала ќе се одбележи она што Есма го остави зад себе, но го продолжува во истиот правец како што и започна.
Подготви: Редакција Музика24
