Вчера за прв пат во Домот на АРМ, македонската естрада заедно се собра на една важна тема од кој беше исклучително битно да се реши и да се стави крај на она што значи нивниот статут: уметник.
“Време е да се обединиме во една матица т.е. нашето здружение повторно да функционира како едно, со една цел да ги утврдиме нашите интереси и да си ги бараме правата што досега ги немаме стекнато во последните 20, а може и повеќе години”, им порача Престедателот на здружението на естрадни уметници естрадниот уметник Благоја Грујовски.
Она што сите ги потресе беше за жал и смртта на големиот уметник Војо Стојановски каде со краток молк му оддадоа почит на неговиот лик и дело. Она што беше главна тема од неколкуте кој беа предложени од Претседавачот, беше и регулирање на професионалниот и социјален статус, потоа лиценцирање на самата дејност, заштитите на пазарот итн.
Меѓу стотината присутни на самата седница беа повеќе генерации, како од помладата така и од постарата генерација на естрадни уметници меќу кои и: Виолета Томовска, Блага Петреска, Елена Велевска, Марјан Коцев, Џими Мицевски (Молика), Мишко Крстевски… и многу други кој беа дел од самиот настан.
“Не чека долг пат обединување и усогласување, а потоа и работа со институциите која ни малку нема да биде лесна, бидејќи сето ова пред некое време функционирало, но за жал престанало да работи како колектив”, изјави Благоја Грујовски. Инаку самото Здружение на естрадни уметници постои 44 години и во него членуваа и работеа најголемите имиња на македонската естрада кој несебично се бореа за своите права кој тогаш имаа прилика да ги остварат. За жал, но и за среќа, ова е мала увертира на она што македонската естрада сака да го постигне во наредниов период со една цел, повторно враќање на своите достојни права кој треба да ги имаат. Воедно од самите членови беа дадени и предлози и мислења како треба да се започне за делување и остварување на нивната единствена цел, каде на наредното собрание, кое што ќе се одржи по еден месец, истите ќе бидат разгледани.
Подготви: Редакција Музика24
