Во прв ред

Утре во Метрополис арената – Роџер Санчез

Ди-џеј ѕвездата Роџер Санчез утревечер во Метроплис арена со почеток во 21.30 часот ќе ја одржи долгонајавуваната “Release yourself” забава во организација на Пасворд продукција и Октопуси интертеинмент. “Греми” наградуваниот ди-џеј и едно од водечките светски имиња во хаус-музиката, кој доаѓа во Скопје најавувајќи ја најдобрата забава која ќе ја одбележи концертната пролет оваа година, соопштуваат организаторите.

Како локална поддршка ќе настапат и домашните ди-џеи Ицко и Лефанк, како и електронското аналогно дуо “Futute Inc” кое продуцира музика и изработува кaвери на познати песни во електронска верзија употребувајќи ги последните хардвер и софтвер решенија за продукција.

Влезниците во претпродажба по цена од 400 денари, а чија полна цена на денот на концертот ќе биде 500 денари. Покрај регуларните влезници, во продажба се и ВИП влезниците од 1.000 денари. Продажбата на влезниците се спроведува преку мрежата на МКтикетс.

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: