Аце НЛ член на Токсикологија промовира нов видео спот. Станува збор за “Квалитетна роба”, одлично спакувано видео парче во кое што учество земаат околу 80 негови блиски пријатели и соработници, меѓу кои можеме да ги споменеме Сара Марковска овогодинешната победничка на “Макфест”, Слаткаристика… и многу други.
Видеото е снимено на неколку локации и тоа во спортскиот центар “Ново Лисиче” и во Мезе Бар “Сопотско”. Текстот за оваа песна е дело на Аце НЛ, додека пак за аранжманот беше задолжен Марко Наумовски ММ. Зад видеото кое искрено одлично изгледа, се Аце НЛ и Иван Ѓеоргиевски – Номадузз кои се режисери, Филип Пауновски и Гоги Полизов монтажа и камерата на Дејан Џолев.
Подготви: Марија Поповска
