Во прв ред

Концертот на Чолиќ – хуманитарен

Во пресрет на најавениот концерт на Здравко Чолиќ, закажан за 31-ви мај во Арената “Борис Трајковски”, а во организација на Т.А. Гуливер Милс, Ве известуваме дека со оглед на ситуацијата во соседството погодено со катастрофалните поплави, Ве информираме дека дел од сретствата собрани од продажбата на билетите за скопскиот концерт ќе бидат насочени во хумани цели. Начинот на кој истите ќе бидат донирани ќе биде соопштено дополнително, а сето тоа во договор меѓу организаторот на скопскиот концерт Т.А. Гуливер Милс и Здравко Чолиќ со неговиот менаџерски тим, кој веќе вклучи во акцијата за помош на загрозените жители погодени од катастрофалните поплави уплаќајќи милион динари на сметката на Владата на Република Србија. Исто така, преку тамошната организација на Црвениот крст Чола упати и хуманитарна помош за жителите на БиХ, Република Српска и Хрватска.

“Потребно е да останеме солидарни, соединети и сложни во овие тешки моменти и да продолжиме да си помагаме онолку колку што можеме, затоа што ни претстои период во кој ќе се соочиме со сериозни последици од катастрофалните непогоди кои го зафатија нашиот регион”, вели Чолиќ.

Чола во Скопје, инаку доаѓа во склоб на промотивната турнеја на најновиот студиски материјал “Ватра и барут”, која всушност и официјално стартува од овде. Но, на македонската публика освен што ќе и ги претстави новите теми од албумот ќе ги отпее и старите добро познати хитови, кои оставија печат во неговата неколку децениска кариера. Пред својата, како што знае да каже омилена публика на просторите на цела поранешна Југославија, Чолиќ меѓудругото ќе го промовира и видеото за насловната тема “Ватра и барут”, кое го снимаше неодамна на локации во Скопје и Охрид.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: