На 28-ми мај среда, во градот под Исарот, градот препознатлив по одличната пастрмајлија и фестивалот за забавни мелодии “Макфест” – градот Штип, ќе се одржи голема музичка хуманитарна манифестација во спортскиот центар “Џексон” каде што ќе настапат познатата балканска група “Амадеус бенд” и македонската музичка легенда која по долги години се појавува на музичката сцена Трајче Манев. Воедно, овој настан ќе биде и одлична најава за она што следи кон почетокот на следниот месец, а секако тоа е “Макфест” кој оваа година се одржува од 5-ти до 7-ми јуни.
Освен веќе најавените музички имиња, на овој голем музички спектакл ќе настапат и речиси сите досегашни победници на овој престижен и надалеку познат фестивал. Влезниците се веќе пуштени во продажба, а средствата кои ќе бидат собрани од истите, ќе бидат наменети за настраданите од поплавите во соседна Србија и Босна и Херцеговина.
Подготви: Елена Ивановска
