Премиера

Кристина Арнаудова со нов сингл и нова соработка (Аудио)

Пред денешната промоција која беше закажана во City Hall по повод новиот албум на Кристина Арнаудова во етер го промовираше новиот сингл насловен како “Ако не исчезнам” кој е во дует со поп пејачот Брејк. Ова е голем новитет што македонската поп естрада повторно активно соработува независно од жанрот кој тие го пеат на нивните настапи, но со оглед на тоа како што посочи и Кристина и било голема чест да оствари дует со Брејк кој е нејзин долгогодишен пред се пријател. На самата композиција работеа Александар Митевски и Бојан Трајковски кој со голем труд ја доближија песната онака како што доликува. Во продолжение ве оставаме да уживате во песната.

Kristina Arnaudova & Brejk Ako ne isceznam

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: