Премиера

Промовиран новиот видео запис на бендот Темпера (Видео)

Новиот бренд на Авалон продукција бендот Темпера официјално го промовираа новиот спот кој е  сигурно антологија на композициите на Мизар, Архангел итн, а носи наслов “Пластични кули”. Уникатен музички призор на секојдневието кој сите ние го чувствуваме во новото време е пораката на самата композиција која јасно кажува на гледиштата кој мораме да ги согледаме.

Не е ништо случајно што е одбран ваков тип на музика, но љубителите на овој бенд сигурно ќе се пронајдат во текстот кој е сработен токму од вокалот на Тања Тас, а самиот аранжман, продукција се на Мите Димовски и Драган Гиновски. А во продолжение премиерно погледнете го спотот кој веруваме ќе ви се допадне.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: