Балканленд

Макфест започна со подготовки пред утрешниот настан

Многу новитети се поврзани со овој реномиран фестивал кој постои повеќе 30 години и досега многу композиции се евергрин на своето време. Оваа година како што дознаваме сите учесници ќе настапат со Ревискиот оркестар што досега го немало на сцената и ќе е голема промена во настапите, па затоа пробите се одвиваат во забрзано темпо со цел да се постигне посакуваната цел и совршенство во изведбата.

Сепак како во новите композиции, така и во сцената ќе има големи сценски ефекти кој ќе го украсат самиот величенствен момент кој публиката со задоволство ќе ужива во целосното шоу. Апропо на ова, еден од македонските изведувачи Александар Тарабунов се пофали на својот фејсбук профил со фотографија која изгледаше воодушевувачки, а тоа беше самата генерална проба со кој тој ке настапи на овогодинешниот настан со композицијата “Пред мене” заедно со тимот на Јован Јованов. А сите кој сте љубители на овој фестивал гласајте за својот фаворит и уживајте во прекрасните композиции.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: