Балканленд

Јоце Панов подготвен за величенствениот настап на Макфест

Несомнено е дека поп пејачот Јоце Панов обожава да ги овековечи своите убави моменти каде и да се наоѓа било да е на плажа или негде работно. Па така овој пат во пресрет на големиот настан кој со нетрпение сите го очекуваат не изненади со фотографија токму од пробата во Штип поточно од големата грандиозна сцена на реномираниот фестивал за забавни мелодии “Макфест”.

Воедно неговата композиција носи наслов “Само немој да молчиш” за кој текстот го напиша Владо Јаневски во аранжман на познатиот продуцент и композитор Валентино Скендеровски, а според списокот на учесници Јоце Панов ќе ја има честа прв да го скрши мразот во првата полуфинална вечер. Она што тој ни го посочи е сите кој се големи фанови на неговите песни без оглед на старосната граница да бидат спремни да го поддржат со минимум 200 гласа што не е ни малку со фактот на тоа дека се работи за голем број на изведувачи.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: