Балканленд

Макфест 2014: Со кревање на знамето стартува музичкото дружење (Фото)

По повод започнување на 29-то издание на Фестивалот на забавни мелодии “Макфест”, денес во градот домаќин се крена фестивалското знаме пред Домот на културата во Штип, каде всушност и се одржува секоја година овој познат македонски музички фестивал. Овој настан беше проследен од многу медиуми, како и дел од учесниците на овогодинешното издание.

Градоначалниот на Штип Прим.м-р Илчо Захариев со свој говор официјално го стартуваше тридневното музичко забавување, дружење и музички натпревар. По неколкугодишна апстиненција од учество на познати музички имиња, конечно, “Макфест” оваа година ги собира најголемите ѕвезди од македонската музичка сцена.

Makfest_krevanje zname

Makfest_krevanje znameНокаут, Тамара Тодевска, Влатко Илиевски, Елвир Мекиќ, Александар Белов, Биба Додева… се само дел од натпреварувачите кои овие неколку вечери ќе продефилираат на сцената на “Макфест”. Се надеваме и очекуваме одличен фестивал, композиции кои ќе се паметат и секако одличен тв пренос, знаејќи дека минатата година финалето за прв пат по толку години одржување на овој фестивал не се емитуваше во живо.

Подготви: Маргарита Робевска

Можеби ќе ве интересира: