Музика на кирилица

Нов едукативен спот на Пеперминт

Рок составот “Пеперминт” кој е познат во јавноста по актуелниот сингл “Ама ако” и уште неколку композиции кој ја одбележаа нивната музичка кариера, овој пат ни подготвија нов видео спот од едукативен карактер во соработка со Јавното Сообраќајно Претпријатие – Скопје и Холандската Амбасада во Скопје.

Самиот наслов на оваа композиција е “Автобус” и има за цел да се запознаат децата со правила и однесување во автобус, но и сообраќајните правила кој ние се соочуваме. Оваа идеја беше поттикната од познатата емисија за деца “5+” која даде до знаење дека треба да се подигне свеста кај јавноста посебно кај помалите кој почнуваат да учат за основните правила и начела во сообраќајот која нажалост е се почесто занемарена од училиштата.

Премиерата на оваа интересна композиција ќе се одржи во понеделник, поточно во детската игротека “Green House”, со што ова е мал показател дека и јавните личности треба да се приклучат кон ваквите настани кој се од многу голем значај во нашето општество.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: