Балканленд

Кои се финалистите кои ќе ги видиме вечерва на “Макфест”? (Фото)

Изминатите неколку дена, а и денес, градот под Исарот живее во макфестовска еуфорија. Поминаа првата и втора полуфинална вечер, а вечерва во Домот на културата “Ацо Шопов” во Штип ќе се одржи и финалната и последна вечер од овогодинешното 29-то издание на овој реномиран и на далеку позната музички фестивал. Финалистите се всушност изведувачите кои од првата и втората полуфинална вечер имаа доволно гласови да се најдат во 9-та која влегува во вечерното финале.

На денешната прес конференција, освен што беа истакнати имињата на финалитите од вчерашната вечер, за кои Музика24 веќе пишуваше, беше објавен и редоследот на композициите кои вечерва ќе имаме можност да ги слушнеме и видиме. Како прв на сцената, исто како и во првата полуфинална вечер, така и овој пат, ќе се појави домаќинот Јоце Панов… а кои следат во продолжение, прочитајте подолу…

  1. Јоце Панов – “Само немој да молчиш”
  2. Биба Додева – “Врати се”
  3. Александар Белов – “Дојди ми ти”
  4. Кристијан Мицев – “А ти си одиш”
  5. Лена Заткоска – “Ти не знаеш”
  6. Мартинијан Кириловски – “Моја најмила”
  7. Наташа Малинкова – “Дали сонот има крај”
  8. Емил Арсов – “Сите знаат”
  9. Дарко Илиевски – “Кога најмногу ми требаш”
  10. Маја Вукичевиќ – “Остани”
  11. Влатко Илиевски – “За тебе и мене”
  12. Миле Кузмановски – “Безимена”
  13. Тамара Тодевска – “Тажна љубов, среќна песна”
  14. Симона Поповска – “Како да заборавам”
  15. Викторија Лоба – “Само мој”
  16. Горан Наумовски – “Можев”
  17. Елвир Мекиќ – “Ако времето е најдобар лек”
  18. Мики Секуловски – “Како да преживеам”

Makfest_generalna probaОстанува само да го вклучите првиот програмски сервис на Македонската радио телевизија и заедно со друштво да го погледнете финалето каде преку гласање ќе одлучите кој ќе победи и кое место ќе освои. Незаборавајте, од еден број може само еднаш да се гласа за една композиција. Наградата за победничката песна ќе изнесува 20 илјади евра, за второпласираната ќе добие 15 илјади евра, додека третопласираната 10 илјади евра. Оваа година парична награда освојуваат и наградата за најдобар дебитат и наградата за најдобар сценски настап која што изнесува 3.000 илјади евра. А додека Вие гласате, во ревијалниот дел ќе Ве забавува познатата поп дива Калиопи. Нека победи подобриот.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: