Познатата македонска поп пејачака Биба Додева со песната “Врати се” ја освои македонската публика, а воедно и првото место на 29-то издание од Фестивалот за забавни мелодии “Макфест”. Со победата и првото место, на Додева и припаднаа 20.000 илјади евра. Второто место му припадна на Дарко Илиевски со песната “Кога најмногу ми требаш”, што воедно му донесе и парична награда од 15.000 евра. Трето пласиран е Елвир Мекиќ со песната “Ако времето е најдобар лек”, за што е предвидена паричната награда од 10.000 евра.
За Најдобар дебитант на “Макфест 2014” стручното жири ја прогласи Симона Попоска која настапи со песната “Како да заборавам”, а паричната вредност за оваа награда е 3.000 евра. Додека Наградата за Најдобар сценски настап ја доби Викторија Лоба која настапи со песната “Само мој”, која исто така добива награда во висина од 3.000 евра.
Подготви: Магдалена Атанасовска
Фото: Телеграф.мк
