Во прв ред

Финалистите од “X Factor Adria” одржаа концерт кој долго ќе се памети (Фото)

Со големи турканици и чекање за влез во спортската арена “Борис Трајковски”, започна големиот и долго најавуван музички спектакл односно концертот на финалистите од “X Factor Adria”. А внатре пак, немаше место каде да се собере публиката, од секаде се слушаа овации, скандирање и очекување секој момент да започне и официјално концертот. По дваесетминутно доцнење, на сцената се појави познатата тв водителка Снеже Велков која со најавата и повикување на сцената, македонскиот победник на ова големо регионално шоу Даниел Кајмакоски го започна големиот спектакл.

Koncert_X Factor Adria_aleksa Koncert_X Factor Adria_lukijan Koncert_X Factor Adria_kajmakoski Koncert_X Factor Adria_devojcinjaНа сцената, присутните имаа привилегија во живо да ги видат и слушнат и Алекса Перовиќ, “Доктори”, Фифи, Илма Карахмет, Маид Хачимовиќ, Лукијан Ивановиќ, Тамара Милановиќ, Харис Чато и “4You”. Сите финалисти, освен Фифи кој меѓудругото ја промовираше и новата песна, пееја песни со кои се натпреваруваа во тв шоуто. Иако пееја во живо секоја им чест, се прашуваме зошто потребата од бенд во позадина кога немаше потреба од тоа, бидејќи се пуштаа матрици, односно снимена музика. Дали можеби ова е една од пропустите на организаторот, бидејќи колку што знаеме на пресот беше најавен и бенд кој ќе ги прати во живо, но зошто е таа одлука променета сеуште незнаеме.

А на концертот, освен одлична музика, забава, овации, врисоци (од кои заболуваа ушите), делење мечиња, гушкање, пароли… имаше и многу солзи кои девојчињата видно возбудно за своите музички идоли, ги бришеа од своите лица. Музичко изненадување беше Урош Туркулов кој по изведбата на групата “Доктори”, тој сам на сцената во придружба на публиката ја отпеа “По тебе” од нашата легенда Тоше Проески. Одлична, динамична и весела адмосфера направија и Алекса Перовиќ кој исто како и Маид се симна доле во публиката, а “Докторите” при изведбата на “Happy” ги повикаа своите другари од шоуто, при што сцената се наполни со позитивна и весела енергија. Немаше кој не играше.

Koncert_X Factor Adria_vlez Koncert_X Factor Adria_plakat1 Koncert_X Factor Adria_maidКако што започна, така и заврши по два ипол часа пеење, играње, забава… Даниел Кајмакоски излезе на сцената и рече:

“Од тука почна се, со оваа песна”, и започна да ја пее “Red”, песна по која што е и самиот препознатлив и нешто по што веројатно ќе се одбележи неговата кариера. На крајот на концертот, сите финалисти излегоа на сцената и заедно со публиката скандираа: “Македонија, Македонија”. Водителката Велков, на самиот крај на концертот кажа дека со овој концерт се заокружува првата сезона од ова големо регионално и најгледано тв шоу досега на Балканот. Следната сезона, искрено се надеваме дека повторно наш македонски претставник ќе биде победник и дека повторно со ваков голем спектакуларен концерт ќе ја прославиме големата победа.

Во продолжение, погледнете го почетниот настап на Даниел Кајмакоски, со кој всушност и започна концертот.

http://youtu.be/0V8sKDR2P-Y

PS: Тамара прашана за впечатоците од концертот, изјави дека во бекстејџот сите финалисти се сложиле дека можеби финалето на првата сезона на “X Factor Adria”, токму тука во Македонија, во оваа голема македонска арена и токму со оваа публика.

За Музика24: Катерина Кочовска

Фотографија: Влатко Перковски/Телеграф.мк

Видео: А1on.mk

Можеби ќе ве интересира: