Музичките ѕвезди од целиот регион зафатен со поплавите кои беа пред половина месец, се соединија и снимија песна, а потоа и видео спот за истата. “Вјеруј у сутра” го носи насловот овој заеднички проект. Големото единство и помошта на луѓето кои беа упатени на Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија односно на семејствата кои беа зафатени од природната катастрофа, ги потикнаа авторите Џело Јушиќ Јуниор и Паула Јушиќ да одлучат да ја напишат оваа песна која ќе ги собере изведувачите од сите три погодени земји. Нивната песна “Вјеруј у сутра” ги соедини некој од најпознатите музички имиња од овие простори, а на повикот без размислување се јавија: Кемал Монтено, Жељко Бебек, Жељко Самарџиќ, Јелана Розга, Дадо Топиќ, Ивана Ковач, Бане Крстиќ од групата “Гарави сокак”, Тереза Кесовија, Данијела Мартиновиќ, Џулијано, Халид Бешлиќ, Слаѓана Милошевиќ, Ханка Палдум… и други познати имиња од музичкиот живот.
“Песната “Вјеруј у сутра” се создаде за секунда. Таа нема никаква политичка порака, ниту пак е наменета да се враќаат некои поминати времиња. Единствена порака на оваа песна е да им покажеме на луѓето кои се погодени од оваа катастрофа дека и на овој начин сме заедно и покрај нив и дека само единството победува. Песната зборува за пријателството, верата и подобро утре. Секако, освен со оваа песна, помагавме и ќе помагаме и на други начини, бидејќи на луѓето сеуште им е потребна наша помош”, изјави Џело Јушиќ Јуниор.
Она што е интересно за овој музички проект е тоа што повеќето од изведувачите кои учестуваат во оваа песна, својот дел го имаат снимено со помош на паметните телефони, бидејќи имаат турнеји низ светот како на пример познатата босанска пејачка Ханка Палдум која својот дел го има снимено во Сент Луиз во американската држава Мисури. Но секако, останатите кои учестуваат во оваа песна благодарение на студијата каде се снимаше секој сегмент посебно, за 15 дена комплетно е истата снимена.
Во продолжение, преслушајте ја песната “Вјеруј у сутра” и погледнете го видео спотот за истата.
Подготви: Марија Каревска
