Магазин

Северина во Бразил ќе навива за својата Хрватска (Фото)

Една од најголемите фанови на ова Светско фудбалско првенство кое штотуку започна е и хрватската поп пејачка Северина. Таа за да ги бодри своите “коцкести” фудбалери, односно, репрезентацијата на Хрватска замина во земјата домаќин – Бразил. По тој повод, неодамна Северина ја има снимено навивачката песна “Бразил”, посветена токму на нив – хрватските репрезентативци. А за да биде уште поинтересно и поверодостојно, таа на социјалните мрежи постави фотографија каде таа во црно-бела комбинација го држи хрватското знаме, а со фотографијата следел и статусот:

“Поздрав од Бразил”, напишала Северина под сликата. Не веруваме дека некој во моментот не и завидува на Севе.

Severina_brazilПодготви: Марија Каревска

Можеби ќе ве интересира: