За 16 годишниот Дејан Јованов веќе Ви пишувавме во неколку наврати. Тој е млад и надежен хип-хоп артист, кој досега има издадено неколку песни кои се одлично прифатени од страна на македонската публика. Тој премиерно на Специјализираниот македонски музички портал ја промовира својата нова песна едноставно насловена “За рапот”, каде меѓудругото рапува за животот, мислењето за рап музиката…
Во продолжение, слушете го новиот сингл од овој млад хип хоп артист.
Подготви: Синиша Новевски
