Фолк пејачите Дарко Лазиќ и Ана Севиќ неодамна тајно се венчаа, а на големата свадба која повторно беше далеку од очите на јавноста, присуствуваа огромен број на познати личности и нивни колеги. Тие за неколку месеци ќе станат родители, а како нивна кума на девојчето кое што треба да се роди ќе биде Андреана Чекиќ која воедно на социјалните мрежи се пофали за својата нова улога.
А за сево ова скоро младата мајка ќе изјави:
“Не сакав ништо да коментирам додека не бидам сигурна дека се е во ред. Јас и Дарко сме пресреќни поради бременоста и едвај чекам да станам мајка. Ние посакувавме принова и баш во тој момент се случи да откријам дека сум бремена. Мене ми е најважно бебето да биде живо и здраво, но некако посакуваме тоа да биде девојче”, неодамна изјави Ана.
Подготви: Синиша Новевски
