Од 2-ри до 7-ми август во Стариград Пакленица, Хрватска десетина македонски музички документарни филмови ќе бидат прикажани на филмски фестивал. Нашите македонски документари филмови оваа година поради македонското партнерство со фестивалот, нема да се натпреваруваат како останатите како дел од програмата.
Присутната публика ќе има можност и привилегија да ги погледне следните македонски документарни филмови: “Љубојна – концерт”, “Јас сум андерграунд”, “Kирил Џајковски: Современа музика за модерната ера”, “Влатко Стефановски – концерт”, “Ако никој не свири”, “Kавал”, “103 – Љубовно писмо до алтернативната култура”, “Гајда”, “Мизар – ѕвезда на надежта”, “Приказната зад”, “До соголи ме”, “Безвучен пад на гравитацијата” и “Влатко Стефановски – Ритамот на Балканот”.
Во рамките на овој филмски фестивал ќе бидат прикажани документарни филмови во две категории: кратки и долгометражни. Како наш македонски претставник оваа година на фестивалот за музички документарни филмови ќе биде Влатко Стефановски.
Подготви: Магдалена Атанасовска
