Со песната “Каранфили”, познатата хрватска пејачка Нивез Целзиус заедно со тамбурашкиот состав “Петица”, вчера вечер настапи на шестиот СМС фестивал во Водици, Хрватска. Нејзината песна е прогласена за хит на годината. Наградата на Нивез и ја додели хрватската новинарка Татјана Пачек. Пеачката на сцената се заблагодари на сите оние кои допринесоа таа да ја добие оваа вредна награда.
Продукцијата Кроација Рекордс додели посебно признание на Жељко Бебек кој оваа година прославува 40 години од својата музичка кариера. Додека пак, извршниот директор на музичката телевизија СМС, Марио Ковач на Јелена Розга и ја додели наградата за изведувач на годината, каде веднаш потоа таа настапи со песната “Нирвана”.
http://youtu.be/jHNzgNBiSK0
Подготви: Влад Петров
