Утре среда, 25-ти јуни, на платото пред Младинскиот културен центар – Скопје, ќе се случи концертна промоција на компилацијата “Некои девојки”. На промоцијата ќе настапат дел од артистите застапени на компилацијата – Plava, Green Fuzz, Sleet, G-Rough, Телемама и Galatheia, како и две групи формирани по издавањето на компилацијата – Две и Мазно, ама не е.
На концертот ќе случи и мала посвета на Royal Albert Hall, првиот “женски” бенд од Македонија и Балканот. Гостин на вечерта е американскиот фолк кант-автор Brian Smith, кој по втор пат настапува во Скопје.
Музичката компилација “Некои девојки” беше промовирана и издадена на 22-ри март оваа година година. На оваа компилација се поместени 15 композиции од македонски артиски и групи со проминентни женски членови кои се дел од актуелната незавизна музичка сцена.
Концертот е во организација на издавачите на компилацијата “Ако никој не свири…” и Младинскиот културен центар – Скопје. Влезот е слободен.
Подготви: Магдалена Атанасовска
