Јелен Демофест кој што ќе се одржи од 17-ти до 19-ти јули во Бања Лука, Босна и Херцеговина, по стогата селекција ќе биде побогат за уште еден бенд овој пат од Македонија. Станува збор за македонскиот бенд “Визија” кој по високите критериуми на шестчеленото жири составено од Рамбо Амадеус, Давор Гобац, Бранислав Бабиќ Кебра, Зоран Марковиќ Зоњо, Душан Јевтовиќ, и Бранкица Јанковиќ по селекцијата од 457 пријавени бендови, ќе се најде на листата на учесници.
Бендовите кои ќе настапат на тврдината Кастел ќе се борат за првата награда која вклучува снимање и продукција на албум, како и спот во продукција на MTV, додека пак второпласираниот и третопласираниот бенд ќе добијат сценска опрема во вредност од 3000, односно 2000 евра. Седмото издание на овој фестивал носи и најбогата ревијална програма, така што покрај натпреварувачкиот дел на фестивалот ќе настапат и светски познати изведувачи како што е германскиот состав Guano Apes, кој ќе го промовира своето свежо студиско издание “Offline”, реге ѕвездата Max Romeo и неколку состави од регионот како што се Eyesburn, Хладно Пиво и Дамир Урбан&4.
Специјализираниот македонски музички портал Музика24 е единствениот македонски медиумски покровител на овогодинешното седмо издание на Јелен Демофест кој што се одржува во Бања Лука, Босна и Херцеговина. Инаку, влезот за сите вечери од фестивелот се бесплатни.
Подготви: Влад Петров
