Познатиот поп пејач Влатко Лозановски неодамна on line ја промовираше неговата нова песна “Мандарина”. Истата е достапна на неговиот официјален You Tube канал. Зад реализацијата на видео спотот стои Горила продукција, а како режисер се појавува Огнен Шапкароски. Снимен е на повеќе локации во Македонија, односно, туристичките места Охрид и Струга. Тој за новата песна и видео спот вели:
“Мандарина е песна што разиграноста на љубовниот занес го има вткаено во ритамот, во текстот и токму затоа очекувам да биде вистински летен хит. Со нетрпение ги очекувам реакциите на фановите, затоа што многу време, емоции и труд вложивме во нејзиното создавање, како и во видео записот кој се снимаше во Охрид и Струга”, вели Лозаноски. Музиката и аранжманот за песната е на Лазар Цветкоски, додека текстот е дело на Магдалена Цветкоска и Милан Миланов Коса.
Во продолжение погледнете го новото видео на Лозановски на неговата нова песна “Мандарина”.
Подготви: Кристина Секуловска
