Премиера

24 Промо: Elita 5 – “Me fal” (Те молам, прости ми)

Вчера вечер во Домот на културата во Тетово еден од најпознатите албански рок бендови на сите времиња “Elita 5”, ја промовираше својата нова песна “Me fal” или во превод “Те молам, прости ми”. Тие воедно го промовираа и видео спотот за веќе споменатата песна, што всушност претставува најава за нивниот нов албум. По големата промоција, тие присутните ги почестија и со голем концерт.

Elita 5_koncertЗад сценариото, режијата и визуелните ефекти на новото видео стои успешниот Даниел Јовески кој со ова видео се надмина самиот себе си. Тој веќе подолг временски период работи за албанскиот пазар, а ова можеби е најдоброто видео од него што сме имале можност да го видиме досега.

Во продолжение погодленете го видето на рок групата “Elita 5” за нивната нова песна “Me fal”.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: