За оваа песна велат дека е новиот македонски летен хит. Вчера вечер на својот You Tube канал Слаткаристика го промовираше видео спотот за песната “Дими Џам”. А во него нема што нема… многу играње, забава, пеење, рецитирање… во спотот се појавуваат и неколку познати фаци од скопскиот и јавен живот. Како што вчера пишувавме, спотот е дело на Владимир Дади Ивановски и асистенција на Дарко Манасијески истиот е снимен во продукција на Иноватива.
Во продолжение погледнете го новото видео парче од Слаткаритика.
Подготви: Синиша Новевски
