Бендот Пеперминт снимија видео запис за синглот “Црвено жолто зелено”, кој го најавува новиот албум, кој е во изработка. Видеото комплетно ги задоволоува критериумите за одлично сработен спот. Продуцент на видеото е Александар Пауновски, а камера оператор: Гого Полизов, Кристијан Теодоров. Фар оператор е Александар Ивановски и монтажер Филип Пауновски.
Видеото е изработено во продукција на Storyteller. Членовите од бендот преку видеото ја раскажуваат љубовната приказна за двајца луѓе кои после многу разминувања ја реанимираат детската љубов, неколку години подоцна.
Подготви: Елена Ивановска
