Младиот белградски уметник Стефан Коковиќ, кој што публиката го запозна на регионалното “X Factor” шоу како еден од штитениците на познатата Емина Јаховиќ, ја промовираше својата втора песна “Хајде мала”. По песната “Паника”, која што за Стефан ја направи Ана Стајдохар, новата “Хајде мала” е резултат на долгогодишната соработка и пријателство со новинарот и ПР Милан Поповиќ, кој заедно со Душан Шејн Мандиќ и Марко Дражњак ја подготвија новата песна за младата ѕвезда, која има големи шанси ова лето да стане вистински хит.
“Текстот го работеше мојот пријател, а Ваш колега Милан Поповиќ, музиката Душан Шејн Мандиќ, додека аранжманот Марко Дрежњак. Требаше да снимам друга песна, но тогаш Милан случајно ми ја пушти оваа и од прво слушање веднаш се заљубив. Велат дека песната едноставо си го пронаоѓа својот пејач, и мене тоа ми се случи”, вели Стефан.
Подготви: Елена Ивановска
