Во прв ред

DJ-от Дерик Меј го засака Охрид

Познатиот светски DJ Дерик Меј кој што на 2-ри август е најавен со свој настап заедно со Македонската филхармонија во Античкиот театар во Охрид, пред неколку дена со својата екипа го посети токму местото каде ќе настапи. Тој за прв пат во овој наш македонски град има настапено пред 14 години, поточно на 15-ти јули 2000-та година. Заедно со неговата екипа во посета на градот беше и идејниот творец и продуцент на најавениот настан Огнен Узуновски, како и режисерот на истиот Игор Иванов кој што е задолжен за визуелното обликување на концертот.

Покрај првичните подготовки, разгледување на просторот… американскиот DJ на момент уживаше во убавините на нашето најубаво македонско туристичко место. Тој пиеше студена изворска вода, вкуси охридска пастрмка, како и одмораше накратко на плажата во Трпејца. Како што најавува организаторот, концертот ќе претставува фузија од електронска и класична музика, фантастични светлосни ефекти, видео и аудио поддршка, специфични костими.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: