Музика на кирилица

По една деценија “P.S” повторно се враќа на македонската музичка сцена

Изминатиот период имавме многу убави и позитивни информации што се однесува до македонската популарна музика. Неодамна ни стигна информација дека една од најпознатите групи на 90-те “P.S”, музичка група со која што израснаа неколку генерации повторно се враќа на македонската музичка сцена. Имено, како што вели нашиот извор, нив после долго, навистина долго време, ќе имаме можност и привилегија да ги погледнеме на Скопскиот фестивал каде овие три девојки планираат да настапат со своја песна, овој пат балада. Новина во целата оваа убава приказна е тоа што на овие три девојки им се приклучува уште една како надополнување.

И покрај тоа што немавме можност да ги гледаме на нашата македонска музичка сцена, сепак тие и покрај тоа беа активни во музичкиот свет. Анета е актуелна со албумот “Universalove”, Геновава се бави и продуцира електронска музика, додека Јулија е дел од Биг бендот на МРТВ. Новата девојка во составот на “P.S” Марина пак е активна во хорот “Злата Мегленска”. Сите тие заедно веќе работат на песни за новиот албум на “P.S”.

Се надеваме и искрено посакуваме не само “P.S”, туку многу други групи и музички имиња кои ги паметиме од 90-те, повторно да се појават и повторно да не забавуваат како тоа што го правеа некогаш.

Подготви: Кристина Секуловска

Можеби ќе ве интересира: