Магазин

Концертот на Наташа Беквалац во Црна Гора прекинат од специјалци (Фото)

Откако поради здравствени причини најпрво ја одложи сопствената промоција на новата песна и видео спот, вчера вечер морала да го прекине и концертот кој што го имала поради полициска проверка во дискотеката кај нас попознато како рација. Таа по својот настап во една дискотека во Котор, Црна Гора, атмосферата ја опишала на својот профил на Инстаграм. Српските медиуми известуваат дека за време на нејзиниот концерт во објектот влегле околу 100 специјалци вооружени до заби и извршиле рација на сите присутни која траела околу два часа.

Natasa Bekvalac_koncertЕден од присутните гости на концертот за медиумите изјавува:

“Наташа се исплаши откако ги виде вооружените специјалци. Таа ја изведуваше новата песна. Клубот беше преполн кога влезе полицијата и почна да ги претресува присутните гости. Не ја изминаа ниту Наташа, ниту нејзината помлада сестра Кристина која и правеше друштво во Котор. Во еден момент двајца специјалци се качија на сената и го одзедоа микрофонот на Наташа и го фрлија на подот, и ја тргнаа на страна. Целата драма траеше околу два часа”, раскажува гостинот кој додава дека незнае зошто и која е причината што полицијата одеднаш се појавила, бидејќи досега вакво нешто немало и не се случувало во Црна Гора. Но и покрај овој инцидент, Беквалац концертот го продолжила и забавата траела до раните утрински часови.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: