Музика на кирилица

Ален Хасановиќ наскоро со видео спот

По победата на музичкиот фестивал “Канео фест” кој изминатите денови се одржа во Охрид, младиот пејач од Прилеп Ален Хасановиќ со најава за промоција на својот прв видео спот. Станува збор за песната “Кога сфатив” за која Ален веќе има снимено спот, само се очекува датумот на неговата промоција.

Македонската публика ова младо и талентирано момче го запозна во првата сезона од музичкото тв шоу “Сите наши песни” кое се емитува на МРТВ. Стигна до финалето, а многумина ќе го паметат по неговите изведби на легендарните песни “Кажи ми” на Драган Мијалковски и “Сонце за три светови” од Мики Јовановски – Џафер.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: