Музика на кирилица

По еднагодишна пауза, Бојана Атанасовска се враќа на македонската сцена

Познатата поп пејачка Бојана Атанасовска по едногодишна пауза од македонската музичка сцена, повторно се враќа со емотивна балада, онаква каква што посакувала во нејзината кариера. “Тешко време” е насловот на новата нејзина песна, а истата е дует со кантавторот Борче Димитров.

“Новата песна е сериозен премин во мојата кариера. Ги надминав тинејџерските рефрени. Долго време немав идеја во која насока да продолжам и затоа немав нов репертоар. Овој пат, нема да ја повторам грешката” вели Бојана. Таа воопшто не крие дека пее по ресторани и кафеани, вели дека добрата заработка ја натерало да се фокусира на таа сцена. Откако се разведе сеуште е сама, но не и осамена.

“Немам момче. Не сум фокусирана на тој дел од мојот живот. Не ми треба партнер, доволна ми е музиката. Засега е така”, додава таа.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: