Во прв ред

“Пивофест” подготвен за својот старт (Фото)

Вчера во Општината Прилеп на својата прва прес конфернција посветена на Фестивалот на пивото и скарата “Пивофест”, беа промовирани уникатните униформи кои се заштитен знак на оваа огромна балканска музичка фешта. Меѓудругото, на пресот присуствуваше и победникот на првото најгледано балканско музичко тв шоу “X Factor” Даниел Кајмакоски кој ќе ја отвори големата пиво забава на 17-ти јули со свој едночасовен концерт. Тој пак, пред присутните новинари истакна дека му е посебно драго и му претставува особена чест што оваа година токму нему му припадна честа да го отвори дванаесето издание на “Пивофест”.

Градоначалникот на Прилеп, Г-нот Маријан Ристески изјави дека подготовките и за овој дванеесети по ред настан се пред самиот крај и дека Прилеп како и сите предходни години е спремен да ги прими сите љубители на пивото, скарата и забавата од 17-ти до 20-ти јули понудувајќи им квалитетен пречек со максимална инфраструктурана подреденост, почнувајќи од паркинзите, сместувањето, па се до бесплатниот кампинг простор на Могилата.

Pivo fest_2 prva pressОсвен Данијел Кајмакоски, на “Пивофест” оваа година на сцената присутните ќе имаат можност да се дружат и забавуваат и со многу познати музички имиња како од Македонија, така и од Балканот и пошироко меѓу кои ќе ги споменеме: Ефто Пупиновски, Јелена Розга, Тони Цетински, Владо Јаневски, Жељко Самарџиќ… поради што организаторот очекува огромна посетеност и незаборавна забава.

Специјализираниот македонски музички портал Музика24 и оваа година е медиумски покровител на овогодинешното издание на “Пивофест”, а со самото тоа нашата екипа која ќе престојува во градот под Марковите кули, ќе Ви го долови она што се случува и секако ексклузивно само на Музика24 ќе имате можност да прочитате низа интервјуа со повеќето од учесниците на ова голема музичка манифестација.

Подготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: