Во прв ред

Многу забава, музика и дружење на Фестивалот на трубите во Пехчево (Фото)

На вчерашниот ден Петровден, се одржа третата фестивалска вечер од четртото издание на Фестивалот на трубите во Пехчево. Вечерта ја отвори фолклорната формација “Мегдана” од соседна Бугарија, а веднаш по нив на сцената се појавија Тамбурашкиот оркестар “Бисер” од Домот на културата “Јане Сандански” од Пехчево. Водителката на Фестивалот на трубите, познатата Ирена Спирковска излезе на сцената и на сите присутни од овој град им го честиташе утешниот односно денешен Павловден, слава која жителите на Пехчево традиционално ја слават.

Irena Spirkovska_Festival na trubiteВеднаш потоа, таа ги најави натпреварувачките дувачки оркестри кои ќе се претстават пред присутната публика. Тоа беа: Агушеви Дурмишев Сергин од Штип, Браќа Кадриеви од Штип и дувачкиот оркестар “Весела дружина” од Скопје. Секој од трите дувачки оркестри имаа по 20 минути да се претстават со своја изведба пред публиката и стручното жири. По официјалниот натпреварувачки дел, започна забавата која веќе трет ден се одржува во Пехчево. Пехчевци уживаа во песните на Драган Мијалковски, Мики Секуловски… а младите, секако како и претходните вечери, ги забавуваа познати DJ-и од Македонија и Бугарија.

Festival na duvackite orkestriДенешиот последен ден од овој познат музички настан во Пехчево започнува со отворање на етно саемот, а потоа со културно-забавна програма на фолклорни и етно оркестри од Македонија и Бугарија. Околу 19 часот ќе настапат женските хорови на Пехчево и Берово, Христо Ѓоргиев – Ице, а во официјалниот натпреварувачки финален дел ќе настапат сите оркестри кои досега учестуваа во претходните три дена. Додека стручното жири одлучи кој ќе биде прогласен за победник на овогодинешното издание на Фестивалот на трубите, присутните ќе ги забавува познатиот македонски фолк пејач Ефто Пупиновски.

На крајот на вечерта следува прогласување на победниците односно победникот, за кој што Музика24 ќе Ве информира во текот на утрешниот ден. А секако, и оваа последна вечер до раните утрински часови младите ќе ги забавуваат познати DJ-и од Македонија и Бугарија.

За Музика24 од Фестивалот на трубите Пехчево: Лепа Стоилкова и Стана Јосимовска

Можеби ќе ве интересира: