Додека се одмора за време на снимањето на спотот за песната “Уно Моменто”, хрватската пејачка Северина престојувајќи во Задар објави неколки фотографии од себе си на социјалните мрежи. Таа во црн костим за капење позира сакајќи да ги изненади своите фанови и иако има 42 години, мора да признаеме дека Северина изгледа совршено. Позитивни коментари и многу лајкови добија нејзините фотографии за рекордно време, а таа пак, едноставно напиша:
“Додека го чекаме “Уно Моменто”, уживаме во Задар”, напиша Севе покрај една од фотографиите.

