Познатата босанска фолк пејачка Ханка Палдум, откако пред неколку месеци нејзиниот син беше уапсен поради тоа што под дејство на амфетамини со својот автомобил во Сараево прегазил три жени на автобуска постојка и тешко ги повредил, таа го испратила својот син на рехабилитација во Германија.
Таа со помош на свои пријатели нашла добра клиника, каде нејзиниот 28 годишен син Мирсад би требало секојдневно да оди на терапии за одвикување од дрога. За да одбегне затворска казна, тој таму ќе биде три месеци по налог на судот во БиХ.
Подготви: Елена Ивановска
