Од 27-ми до 31-ви август на хрватското крајбрежје ќе се одржи третото издание на музичкиот фестивал “Dimensions festival”. И оваа година, како и изминатите две претходно, ќе понудена програма од која да се биде дел е огромно искуство за кое недостасуваат зборови истото да се прераскаже. Пет дена ќе бидат исполнети со многубројни реномирани изведувачи, 11 сцени, 30 различни журки на бродови и концерт за отворање на фестивалот во Римски амфитеатер стар 2000 години.
На отворањето, организаторите со свои настапи во живо ги најави Caribou, Darkside, Nils Frahm и Kwabs. Додека Jon Hopkins, Roy Ayers, Moodyman, Juan Atkins & Mortis Von Oswald, Theo Parrish, Nina Kraviz, Karizma, Mala, Floating Points, Move D, Blawan, Goldie, dBridge, Calibre, Lenzman, Jubei, Kode 9, Om Unit, Vatican Shadow, Andrew Ashong, ќе бидат само дел од изведувачите кои ќе настапуваат низ фестивалските деновите. Преостануваат само околу 30-на дена до отворањето на познатата тврдина Punta Christo од каде ќе одекнува музика меѓу приказни на ѕидови стари векови, меѓу допирот на сончевите зраци и брановите на брегот во Пула.
Подготви: Синиша Новевски
